August 13, 2025 | | Свет
Пари Сен Жермен успеа да избегне второ финале по ред со пораз, откако вечерва по пенали го совлада Тотнем и го освои европскиот Суперкуп. Францускиот шампион влезе во мечот под притисок, имајќи го во предвид поразот од Челси во финалето на Светското клупско првенство, но и покрај слабата игра во голем дел од натпреварот, успеа да ја сврти ситуацијата во своја корист. Првото полувреме помина целосно во знакот на англискиот тим. ПСЖ не упати ниту еден удар во рамките на голот, додека Тотнем беше поагресивен и ја имаше иницијативата. Играта на избраниците на Томас Франк вроди плод во 39-тата минута, кога Ван Де Вен погоди за водство. До крајот на првиот дел, „спарс“ имаа уште една одлична шанса, но топката заврши во стативата. Веднаш по почетокот на вториот дел, Тотнем ја зголеми предноста на 0-2 по грешката на голманот Чевалие, кој лошо реагираше на ударот со глава на Кристијан Ромеро. На тој резултат, англискиот тим почна да игра поретко напаѓајќи, повеќе фокусирајќи се на чување на резултатот. Сепак, европскиот шампион не се предаде. Во финишот на мечот, Ли Канг Ин со прецизен удар во 85-тата минута намали на 1-2 и ја врати надежта на својот тим. Во четвртата минута од судиското продолжение, Гонзало Рамош постигна драматичен гол за израмнување и водство кон пенал-рулетот. Во пенал-серијата, работите не почнаа добро за ПСЖ бидејќи Витиња промаши од белата точка. Но, притисокот си го направи своето и за Тотнем – стрелецот Ван Де Вен и младиот Тел не успеаја да погодат, што му овозможи на ПСЖ да слави и да го подигне пехарот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |