August 14, 2025 | | Свет
Ињиго Мартинез, шпанскиот дефанзивец кој минатата сезона беше еден од најсигурните играчи во одбраната на Барселона, изненадувачки реши да ја напушти „Камп Ноу“ и да замине во редовите на Ал Наср од Саудиска Арабија. Веста ги затече и навивачите и стручниот штаб на каталонскиот клуб, особено затоа што тренерот Ханси Флик го гледаше како еден од идните капитени на тимот. Според шпанските медиуми, Мартинез ќе заработува неверојатни 20 милиони евра годишно во новиот клуб – бројка која тешко се одбива, особено за играч кој има 34 години и уште само една година од постојниот договор. „Разговарав со Флик, бев искрен со него и знаев дека ќе ме разбере. Овој воз доаѓа многу ретко, а кога ќе дојде, тешко е да му кажете НЕ. Флик беше изненаден, но за само две минути ја сфати мојата одлука,“ изјави Мартинез. Тој додаде дека понудата го шокирала: „Кога ја видов, не можев да поверувам. Никој не е подготвен за такви суми – или барем јас не бев. Отсекогаш сум бил обичен фудбалер кој напредувал со напорна работа и пот. Ваквиот договор не влијае само на мене, туку и на моето семејство.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |