August 14, 2025 | | Свет
Англискиот премиерлигаш Челси ќе издвои околу 500.000 долари за семејствата на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва – двајца фудбалери кои минатиот месец трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа. Средствата ќе бидат дел од бонусот што клубот го доби по триумфот на Светското клупско првенство. „Сините“ од Лондон ја освоија титулата со убедливи 3-0 против европскиот шампион ПСЖ во финалето, а сезонава се закитија и со својот прв трофеј во Лигата на конференции. Челси инкасирал вкупно 11,4 милиони фунти како награда за настапот на турнирот. По внатрешни консултации, раководството одлучило дел од овој износ – еднаков на бонусот што го добиле активните фудбалери – да биде исплатен и на семејствата на Жота и Силва. Диого Жота, роден во Порто, ја започнал својата кариера во младинскиот тим на Пасош де Фереира, пред во 2016 година да премине во Атлетико Мадрид. Потоа следувале позајмица во Порто и трансфер во Вулверхемптон, каде се наметна во Премиерлигата. Најголемите успеси ги оствари со Ливерпул, освојувајќи го ФА Купот и Лига Купот со Јирген Клоп, а минатата сезона ја круниса со титула во Премиерлигата под водство на Арне Слот. Во негова чест, Ливерпул го повлече дресот со број 20, оставајќи го како симбол на неговиот придонес и наследство во клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |