August 14, 2025 | | Свет
Барселона доби дозвола да го регистрира Жоан Гарсија како резервен голман, откако Ла Лига ја оцени повредата на грбот на Марк-Андре тер Штеген како „долгорочна“. Тер Штеген првично тврдеше дека ќе отсуствува околу три месеци по операцијата, но правилата на Ла Лига бараат минимум четири месеци пауза за играчот да се смета за долгорочно отсутен. Со тоа, клубот може да го замени без да исплаќа дел од неговата плата. Каталонците сега ќе се обидат да го регистрираат поранешниот голман на Еспањол навреме за премиерниот меч во новата сезона против Мајорка, закажан за сабота. „Медицинската комисија на Ла Лига потврди дека повредата на Тер Штеген ги исполнува критериумите за долгорочна. Клубот веднаш ќе пристапи кон официјалната регистрација на Жоан Гарсија“, соопштија од Барселона.
FC Barcelona statement
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 13, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |