August 14, 2025 | | Свет
Тотнем ја пропушти шансата да ја отвори сезоната со нов трофеј. „Петлите“ водеа 2-0 против ПСЖ во Суперкупот на Европа, но францускиот првак успеа да се врати, да израмни на 2-2 и потоа да победи по пеналите. И покрај разочарувачкиот исход, тренерот Томас Франк остана задоволен од играта на своите фудбалери: „Одигравме доста добро против еден од најдобрите тимови во светот, ако не и најдобриот. Ги држевме таму каде што сакавме осумдесетина минути, сè до голот за 2-1. Секако, тогаш се промени моментумот, ама има многу позитивни работи. Има зошто да бидеме среќни. Покажавме дека можеме да се прилагодуваме, потребно ни беше тоа против тим како ПСЖ. Начинот на кој сакавме да се браниме со висок притисок и низок блок беше доста добар. Првиот дел беше речиси перфектен, бевме опасни и од прекини и тоа е доста важно. Многу сум горд за клубот, фановите и играчите, за тие 75-80 минути кои беа речиси перфектни против таков ривал. Резултатот 2-2 беше добар. Ако се погледне перформансот, начинот на кој играчите играа и менталитетот“, изјави Франк. Тотнем остана без трофеј на стартот од новата сезона, иако пред три месеци ја освои Лигата на Европа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |