August 14, 2025 | | Свет
Џанлуиџи Донарума е на прагот да го облече дресот на Манчестер Сити, тврди францускиот „Лекип“. Италијанскиот голман, кој моментално е под договор со ПСЖ, доби јасна порака од клубот дека не е дел од плановите за новата сезона и може да си бара нова средина. Според информациите, Донарума уште пред официјалната одлука на Луис Енрике имал контакт со менаџерот Пеп Гвардиола, кој го гледа како идеално засилување за шампионот на Англија. За него интерес покажа и Манчестер Јунајтед, но наводно „граѓаните“ понудиле подобри услови, поради што Италијанецот прифатил да се пресели на „Етихад“. Сепак, трансферот сè уште не е формализиран. За Сити да испрати официјална понуда до ПСЖ, мора прво да се реши иднината на сегашниот прв голман – Едерсон кој најверојатно ќе заврши во Галатасарај. Бразилецот најверојатно ќе брани во првото коло од Премиер лигата викендов, а дури потоа може да се забрза реализацијата на договорот со Донарума.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |