Новото засилување на Реал предизвика бран: „Меси е најдобар на сите времиња“

August 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новото засилување на Реал предизвика бран: „Меси е најдобар на сите времиња“

Реал Мадрид денеска го претстави новото засилување, аргентинскиот талент Франко Мастантуоно, но уште на првата прес-конференција 18-годишникот предизвика бран реакции кај навивачите. На прашањето за вечната фудбалска дебата околу најдобриот играч во историјата, Мастантуоно без двоумење одговори. „Јас сум Аргентинец и за мене најдобар е Меси. Тој многу им значи на Барселона и на Аргентинците. Но, сметам дека Реал е најголемиот клуб во светот и сакам да оставам трага овде, за навивачите да бидат горди на мене.“ Мастантуоно пристигна од Ривер Плата за 45 милиони евра плус бонуси, но засега ќе биде регистриран како играч на вториот тим. Иако млад, „кралскиот клуб“ во него гледа голем проект за иднината.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.