August 15, 2025 | | Свет
Ситуацијата во нападот на Њукасл Јунајтед се вжештува. „Газета дело Спорт“ објави дека српскиот голгетер Душан Влаховиќ би можел да продолжи да носи црно-бел дрес и следната сезона, но не во Јувентус – туку на „Сент Џејмс Парк“. Причината е јасна: шведската ѕвезда Александер Исак е решен да го напушти клубот. Според информациите од Англија, Исак не сака ниту да слушне за останување и го гледа Ливерпул како своја следна дестинација. Неговото инсистирање за заминување ја остави екипата на Еди Хау во сериозна потрага по напаѓач кој ќе ја пополни празнината. Првата желба на Њукасл, словенечкиот талент Бенјамин Шешко, веќе потпиша за Манчестер јунајтед, што ги принуди „страчките“ да го свртат вниманието кон Влаховиќ. Јувентус, пак, одамна бара начин да го продаде српскиот напаѓач, а ваквата криза во Њукасл би можела да биде совршена можност да го остварат тоа. Доколку трансферот се реализира, Премиерлигата ќе добие уште една балканска ѕвезда во своите редови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |