Вардар и Струга со максимален старт – два од два во новата сезона (ВИДЕО)

August 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар и Струга со максимален старт – два од два во новата сезона (ВИДЕО)

Вардар и Струга одлично го отворија шампионатот и по две одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига имаат максимален учинок. Во второто коло, одиграно денеска, и двата тима запишаа гостински победи со идентичен резултат – 1-2. Вардар триумфираше на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, со головите на Матиќ и Мато. Хрватскиот дефанзивец прво на стартот од второто полувреме скокна по корнер и со глава го отвори резултатот, а потоа, по уште еден прекин, со удар во стативата ја создаде ситуацијата за Мато да ја зголеми предноста на 0-2. Тиквеш успеа да постигне гол длабоко во судиското надополнување, но само за конечни 1-2. Слично сценарио имаше и во натпреварот меѓу Арсими и Струга. Иако домаќините поведоа, шампионот во второто полувреме одигра далеку подобро и со целосен пресврт ги освои трите бода. По два одиграни натпревари, и Вардар и Струга имаат по шест бода и сигурен чекор на врвот од табелата. Фото: Спорт1

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.