August 16, 2025 | | Свет
Освојувачот на Лига Европа, Тотнем, ја започна новата сезона во Премиер лигата на најдобар можен начин. „Спарс“ на домашен терен славеа убедливо со 3-0. Ришарлисон уште во 10. минута ја најави победата, а во вториот дел постигна спектакуларен гол за водство од 2-0. Конечните 3-0 ги постави Џонсон во 66. минута, со што Тотнем испрати јасна порака дека и оваа сезона ќе има големи амбиции. Изненадување се случи во Сандерленд. Повратникот во елитата ја надигра фаворизираната екипа на Вест Хем и славеше со убедливи 3-0. Мајенда во 61. минута го отвори резултатот, Балард десетина минути подоцна зголеми на 2-0, а Исидор во судиското продолжение го потврди триумфот на домашните. Драма имаше и во Брајтон. „Галебите“ поведоа преку Орајли од пенал во 55. минута, но кога сите мислеа дека трите бода ќе останат дома, Родриго Муниз во 96. минута погоди за конечни 1-1 и големо славје на Фулам.
OH MY GOD!!! RICHARLISON JUST SCORED THIS BEAUTY ⚽️🔥🔥pic.twitter.com/uhQB1hSXxr
— 𝐂𝐀 𝐕𝐀?🐐🐐 (@psg_chief) August 16, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |