Шоу на Халанд и Рејндерс – Манчестер Сити со идеален почеток (ВИДЕО)

August 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шоу на Халанд и Рејндерс – Манчестер Сити со идеален почеток (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја започна новата сезона во Премиер лигата со убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Вулверхемптон. Главни ѕвезди на дуелот беа Ерлинг Халанд и новото засилување, Тијани Рејндерс. „Граѓаните“ поведоа во 34. минута кога Халанд ја реализираше акцијата во која голем удел имаше Рејндерс, а асистент беше Луис. Веќе во 37. минута токму Холанѓанецот Рејндерс се запиша меѓу стрелците за 2-0. Во вториот дел, Сити целосно го контролираше мечот. Во 60. минута Рејндерс мајсторски асистираше до Халанд кој погоди за својот втор гол и водство од 3-0. Победата ја заокружи младиот Шерки во 81. минута со прекрасен погодок, само осум минути по неговото влегување на теренот. Конечни 4-0 и силна најава на Манчестер Сити дека повторно ќе атакува на врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.