August 16, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас може да стане големо засилување во последните денови од преодниот рок. Англискиот Вест Хем е сериозно заинтересиран да го донесе играчот од РБ Лајпциг, а според последните информации „чеканите“ се подготвени да ја исплатат сумата која ја бара германскиот клуб. Иако Наполи сака повторно да го врати Елмас во своите редови, англискиот клуб во моментов има поголема финансиска моќ и може да понуди конкретно решение. Плус, на „чеканите“ им е итно потребен креативен фудбалер од средниот ред, а македонецот е идеален избор поради неговата универзалност – може да игра на сите позиции во средината. Во исто време, Елмас ја одби примамливата понуда на Бешикташ од 5 милиони евра годишна плата, јасно ставајќи до знаење дека неговата амбиција е да настапува во најсилните лиги – Серија А или Премиер лигата. Доколку трансферот се реализира, Елмас ќе стане првиот македонски фудбалер кој ќе го облече дресот на Вест Хем, клуб со богата традиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |