Судијата објасни зошто не ја запрел играта за голот на Феран Торес

August 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата објасни зошто не ја запрел играта за голот на Феран Торес

Барселона ја започна сезоната во Ла Лига со убедлива победа на гостувањето кај Мајорка (3-0), но триумфот беше засенет од една контроверзна ситуација во 23. минута. Тогаш Феран Торес постигна прекрасен погодок за 2-0, но на теренот истовремено лежеше капитенот на Мајорка, Антонио Раиљо, кој претходно со глава ја изблокира една топка. Фудбалерите на Барса не ја прекинаа акцијата, а судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро реши да дозволи играта да продолжи. Одлуката предизвика полемики и жестоки реакции од домашниот тим. Дел од јавноста ја обвини Барселона за недостаток на ферплеј, додека други сметаат дека вината е целосно кај судијата, кој не ја прекинал играта во момент на потенцијална повреда на глава. Тренерот на Мајорка, Јагоба Арасате, откако заврши акцијата, незадоволно му пријде на судијата и побара објаснување. „Нашиот фудбалер доби силен удар во главата. Мораше да ја прекинеш акцијата во истиот момент“, изјави тој. Монтеро, пак, ја бранеше својата одлука. „Тоа не беше директен удар во глава. Играчот само го изблокира шутот, легна неколку секунди, а потоа веднаш скокна кога сфати дека нема да добие тоа што го сака. Разговарав со него, беше свесен и комуникативен, па немаше потреба да ја прекинам играта“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.