Јунајтед играше, Арсенал славеше: Калафиори херој на дербито (ВИДЕО)

August 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед играше, Арсенал славеше: Калафиори херој на дербито (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со минимален пораз од 0-1 против Арсенал на „Олд Трафорд“ ја започна новата сезона во Премиер лигата. Иако резултатот не е позитивен, „црвените ѓаволи“ оставија многу подобар впечаток во споредба со дерби-натпреварите од минатите сезони. Голот кој ја реши средбата го постигна Калифиори уште во 13-та минута, по корнер и несигурна интервенција на голманот Бејиндир. Арсенал, кој во сезоната влегува со највисоки амбиции, успеа тоа рано водство да го сочува до крајот. Сепак, избраниците на Рубен Аморим покажаа карактер и во продолжение беа тимот кој повеќе напаѓаше. Куња ја погоди стативата, Мбуемо создаваше постојана опасност, а свои обиди имаа и Бруно Фернандеш и младиот Доргу. Новото засилување, Бенјамин Шешко, дебитираше во 65-тата минута, заменувајќи го Мејсон Маунт. И покрај поразот, играта на Јунајтед остава простор за оптимизам кај навивачите, бидејќи екипата изгледаше далеку поконкурентна од претходните години во дуелите со најголемите ривали. Во следното коло, Манчестер јунајтед ќе му гостува на Фулам, додека Арсенал ќе го пречека Лидс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.