August 18, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Јован Манев е на чекор до нов предизвик во својата кариера. По неуспешната епизода во хрватска Ријека, каде не доби посакувана минутажа, централниот дефанзивец е пред трансфер во српскиот прволигаш Нови Пазар. Клубот од Суперлигата на Србија во последните години важи за стабилен и амбициозен колектив кој постепено го гради својот имиџ во тамошниот фудбал. Со доведувањето на Манев, раководството сака да внесе дополнителна сигурност и искуство во одбранбената линија. Според информации од српските медиуми, преговорите се во завршна фаза и наскоро трансферот би требало да биде официјално потврден. Манев ја започна својата кариера во родното Осогово, по што направи значаен чекор напред со дресот на Брегалница. Неговите добри партии го однесоа во турскиот Адана Демирспор, а потоа продолжи во ХНК Осијек и Ријека. Иако во Хрватска не се изнаигра, 23-годишниот дефанзивец сè уште важи за еден од перспективните македонски фудбалери на интернационалната сцена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |