August 18, 2025 | | Свет
Екипата на Сантос доживеа вистински кошмар на својот стадион, откако во дербито на бразилското првенство беше понижена од Васко да Гама со убедливи 0-6. Овој резултат ќе остане запаметен како еден од најтешките порази во поновата историја на клубот, кој важи за еден од најголемите симболи на бразилскиот фудбал. Особено тежок беше ударот за капитенот и најголемата ѕвезда, Нејмар. Тој го одигра својот 250. натпревар во дресот на Сантос, што беше одбележано со мала свеченост пред почетокот на мечот, но наместо празнична атмосфера, вечерта се претвори во голем срам. Навивачите на клубот, кои прво му аплаудираа на својот идол, во завршницата на мечот разочарано им го свртеа грбот на фудбалерите. По последниот свиреж, Нејмар не можеше да ги задржи емоциите и заплака на теренот. Стрелците за Васко да Гама беа Фелипе Кутињо со два погодоци, како и Питон, Дејвид, Рајан и Невес со по еден. Одбраната на Сантос изгледаше беспомошно, а тимот не успеа ниту минимално да се спротивстави на агресивниот и мотивиран противник. Дополнителна драма донесе одлуката на тренерот Клебер Ксавиер, кој непосредно по завршувањето на мечот ја понуди својата оставка, преземајќи ја одговорноста за катастрофалниот резултат. Оваа катастрофа ќе остави длабоки последици врз тимот и сигурно ќе ја отвори дебатата околу иднината на клупскиот проект, а особено иднината на Нејмар во Сантос.
Que cena forte essa do Neymar chorando no ombro do Fernando Diniz após a goleada do Vasco sobre o Santos pic.twitter.com/Rq6W5YjcVx
— Humor Esportivo (@humoresportivo) August 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |