August 18, 2025 | | Свет
Екипата на Пиза избори пласман во следната рунда на Копа Италија, откако по вистинска драма како гостин го елиминира тимот на Чезена. Натпреварот заврши без голови и во регуларниот дел и во продолженијата, па победникот се решаваше по изведување на пенали, каде што херој на вечерта беше хрватскиот голман Адријан Шемпер. Во вистински „Спајдермен“ стил, 26-годишниот чувар на мрежата одбрани дури четири удари од белата точка, носејќи му на својот тим победа со 2-1 во пенал-рулетот. „Беше тежок натпревар, но имав среќа што успеав да одбранам речиси сите удари од белата точка. Имаме тројца одлични голмани, сите подготвени за новата сезона. Сигурен сум дека со време ќе изгледаме уште подобро“, изјави скромниот херој на Пиза. Шемпер е „производ“ на школата на Динамо Загреб, клуб за кој има 12 настапи во првиот тим, а дополнително минуваше на позајмица во Локомотива. Подоцна замина во Италија каде бранеше за Киево, Џенова и Комо. Минатото лето Пиза го донесе за 2,5 милиони евра и потпиша договор до 2027 година. Во сезоната 2023/24, Шемпер беше еден од клучните фудбалери во составот што го донесе Пиза до второто место во Серија Б и историски директен пласман во елитата – Серија А. Сега, со вакви настапи и во купот, се потврдува дека клубот направил вистински потег со неговиот ангажман и дека може да биде голем адут за претстојната сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |