August 18, 2025 | | Свет
Сагата околу Џејдон Санчо дефинитивно не е завршена бидејќи Рома нема да успее да го ангажира англискиот офанзивец, иако веќе постигна договор со Манчестер Јунајтед за висината на обештетувањето. Клучниот проблем се јави кај личните услови. Рома и „црвените ѓаволи“ си подадоа рака за трансферот, но Санчо не сака да направи финансиски компромис. Во Јунајтед тој заработува 250.000 фунти неделно – плата која за италијанскиот клуб е неприфатлива. Англичанецот јасно ставил до знаење дека не е подготвен да потпише за тим кој ќе му понуди помали примања. Токму тоа ја блокираше работата, па сега во игра сериозно влегува турскиот гигант Бешикташ. Според медиумите, клубот од Истанбул е подготвен да понуди далеку подобри финансиски услови од оние што Рома ги става на маса, што автоматски ја прави Турција поатрактивна опција за играчот. Фановите на Рома се разочарани, бидејќи веруваа дека токму Санчо ќе донесе креативност и брзина во нападот. Од друга страна, навивачите на Јунајтед се незадоволни од ставот на Англичанецот кој, според нив, ги става финансиите пред фудбалскиот проект. Очигледно е дека Санчо во моментов повеќе размислува за плата отколку за теренот, па не е исклучено да остане на „Олд Трафорд“ и да седи на трибините додека трае неговиот договор, наместо да направи чекор напред во кариерата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |