August 19, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Јован Манев и официјално го комплетира својот трансфер во редовите на српскиот прволигаш Нови Пазар. Како што беше најавено, 23-годишниот дефанзивец ќе ја брани боите на клубот од Суперлигата, а договорот е на позајмица со право на откуп. Манев пролетниот дел од минатата сезона го мина во хрватската Ријека, каде остави одличен впечаток и успеа да стигне до двојната круна – шампионската титула и Купот на Хрватска. Сепак, во потрага по поголема минутажа и константни настапи, младиот македонски стопер се реши за нова авантура. Нови Пазар летово настапуваше во квалификациите за Конференциската лига, но беше елиминиран уште во раната фаза. Токму затоа, раководството на клубот реши дополнително да го засили ростерот, а ангажманот на Манев се смета за голем потег со оглед на неговото искуство и настапи во повеќе балкански првенства. Ова ќе биде шести клуб во кариерата на Манев. Досега ги бранеше боите на: Осогово, Брегалница, Осијек, Адана Демирспор и Ријека. Со својата борбеност и сигурност во одбраната, тој ќе има можност да се наметне и во српската Суперлига, а во исто време да остане во фокусот на македонската репрезентација.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |