August 19, 2025 | | Свет
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, за нешто повеќе од две недели би можел да го одигра својот последен официјален натпревар за Аргентина пред домашните навивачи. Според информациите од аргентинските медиуми, дуелот против Венецуела на 4 септември во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026, закажан на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, најверојатно ќе биде „последното танго“ на Меси пред својата публика. Иако 38-годишниот ас, кој во 2022 година ја водеше Аргентина до светската титула во Катар, планира да настапи и на следното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, сепак натпреварот со Венецуела може да биде неговата последна официјална појава пред аргентинските навивачи. „Жал ми е, но доколку нема промени, ова ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар за Аргентина во Буенос Аирес. Следниот официјален настап дома е предвиден дури во 2027 година, и тоа само во пријателска средба“, изјави новинарот Фернандо Чиз. По натпреварот со Венецуела, Аргентина ќе гостува на Еквадор на 9 септември, а пласманот на Светското првенство е веќе обезбеден. Навивачите со голема доза на носталгија ја дочекуваат можноста дека Меси за последен пат ќе го облече дресот на „гаучосите“ пред домашната публика во официјален натпревар. „Тешко е да се прифати дека ова е скоро сигурно последен пат Меси да стапи на „Монументал“ во официјален меч“, коментираат аргентинските медиуми.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |