Ливерпул е „крал“ и на продавањето: Заработија 30 милиони за 19 годишен играч

August 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул е „крал“ и на продавањето: Заработија 30 милиони за 19 годишен играч

Ливерпул продолжува активно да го редефинира својот состав ова лето, со нови засилувања, но и со продажби. Најново заминување е шкотскиот талент Бен Доак, кој ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борнмут. Премиерлигашот од југот на Англија ќе плати отштета во износ од 29 милиони евра за услугите на крилниот напаѓач. 19-годишниот Доак пристигна во Ливерпул во 2022 година, откако на само 17 години ја напушти младинската академија на Селтик. Иако важеше за еден од најголемите таленти во Британија, тој немаше доволно простор кај првиот тим на Јирген Клоп и за „црвените“ одигра само десет натпревари во сениорска конкуренција. Минатата сезона ја мина на позајмица во редовите на Мидлсброу, каде што остави солиден впечаток – постигна три погодоци и запиша седум асистенции. Неговите настапи предизвикаа интерес кај повеќе клубови, меѓу кои Порто и Лидс, но Борнмут понуди најконкретни услови и успеа да го комплетира трансферот. Со доаѓањето во Борнмут, Доак ќе има поголема минутажа и можност да го потврди својот потенцијал на највисоко ниво во Премиер лигата, додека Ливерпул ќе инкасира значајни средства кои ќе бидат вложени во идни засилувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.