Луис Дијаз му донесе трофеј на Баерн и конечно се огласи за смртта на Жота

August 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Луис Дијаз му донесе трофеј на Баерн и конечно се огласи за смртта на Жота

Баерн Минхен го освои првиот трофеј оваа сезона, откако во финалето од германскиот Суперкуп го совлада Штутгарт со 2-1. Херој на баварскиот гигант беше новото засилување Луис Дијаз, кој пристигна од Ливерпул. Колумбиецот го постигна својот прв гол на официјален натпревар за Баерн, а со прославата му оддаде почит на својот поранешен соиграч Диого Жота. Дијаз беше жестоко критикуван по трагичната смрт на Португалецот, бидејќи не присуствуваше на погребот и истиот ден беше забележан на концерт во родната земја. Сепак, по натпреварот за првпат јавно зборуваше за Жота. „Беше толку брутално… Си замина прерано, изгубивме неверојатен соиграч и понатаму не можам да поверувам дека го нема. Никој од нас не беше подготвен да слушне такво нешто,“ изјави Дијаз по натпреварот во кој се запиша меѓу стрелците.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.