Мбапе со гол од пенал му донесе победа на Реал над Осасуна (ВИДЕО)

August 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе со гол од пенал му донесе победа на Реал над Осасуна (ВИДЕО)

Реал Мадрид минимално успеа да ја совлада Осасуна во првото коло од Ла Лига. „Кралевите“ доминираа во најголем дел од натпреварот и создадоа низа шанси, но првото полувреме заврши без голови. Клучниот момент дојде во 51. минута кога судијата досуди пенал, а Килијан Мбапе сигурно го реализираше за конечни 1-0. Мечот ќе остане запаметен и по дебито на аргентинскиот талент Франко Мастантуоно, кој пристигна од Ривер Плејт и во 68. минута го замени Брахим Дијаз. Во второто коло Реал го очекува гостување кај новиот прволигаш Реал Овиедо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.