Њукасл со жесток одговор по големото соопштение на Исак

August 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Њукасл со жесток одговор по големото соопштение на Исак

Ситуацијата околу шведскиот напаѓач Александер Исак внесува големи тензии во Њукасл. Иако има важечки договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“, 24-годишниот голгетер јавно изрази дека не сака повеќе да настапува за „страчките“ и дека единствената негова желба е трансфер во Ливерпул. Исак синоќа првпат отворено проговори по шпекулациите за неговата иднина. Откако беше избран во тимот на сезоната во Премиер лигата, тој преку социјалните мрежи испрати порака со која ги потврди сомнежите дека врската со Њукасл е нарушена. „Кога ветувањата ќе се прекршат и довербата ќе се загуби, врската не може да продолжи. Горд сум што сум дел од тимот на Премиер лигата за сезоната 2024/25“, напиша Исак, оставајќи простор за многу толкувања. Одговорот на клубот не се чекаше долго. Њукасл излезе со официјално соопштение во кое го изрази разочарувањето од начинот на кој играчот ја изнесе својата позиција. „Разочарани сме што бевме известени за објава на социјалните мрежи од Александер Исак вечерва. Јасно е дека Алекс останува под договор и никогаш не било дадено ветување дека може да го напушти Њукасл ова лето. Ние сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така сме свесни за нивните желби. Како што му беше објаснето на него и на неговите претставници, условите за продажба ова лето не се исполнети, ниту предвидуваме дека ќе бидат исполнети“, се вели во реакцијата на клубот. Од Њукасл дополнително порачаа дека клубот е „семејство“ и дека Исак ќе биде добредојден назад кога ќе биде подготвен да им се приклучи на своите соиграчи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.