Мурињо: Меси ме направи подобар тренер, жалам што никогаш не го тренирав

August 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо: Меси ме направи подобар тренер, жалам што никогаш не го тренирав

Жозе Мурињо во едно опширно интервју даде интересна изјава за Лионел Меси, за кого смета дека оставил неизбришлива трага не само во фудбалот, туку и во неговата тренерска кариера. „Не знам што ќе се случи со крајот на кариерата на Меси во репрезентацијата, но би сакал да го видам на уште едно Светско првенство. Иако максимално се реализираше, таква величина заслужува да настапи уште еднаш“, изјави Португалецот. Тој додаде дека токму Аргентинецот го натерал да размислува повеќе од било кој друг противник. „Отсекогаш бил најлуциден фудбалер на светот и многу тренери имаа огромен проблем да постават игра против него. Во тој сегмент, мислам дека Меси ме направи и мене подобар тренер. Жалам што никогаш немав прилика да го тренирам. Неколку пати успеав да го победам во важни натпревари, но подготовката за тие мечеви беше тешка и бараше многу повеќе размислување од вообичаено. Против него не можете да имате лежерен пристап, затоа што ќе ве уништи.“ Мурињо моментално е тренер на турскиот Фенербахче, каде што ја започна својата втора сезона. Иако кариерата во последните години му е во пад во однос на најславните моменти, „Специјалниот“ откри дека му останува уште еден сон. „Сакам да ја водам португалската репрезентација. Тоа би било круна на мојата кариера.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.