Реал Мадрид „виси“ над Конате – Ливерпул бара голема сума

August 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид „виси“ над Конате – Ливерпул бара голема сума

Ибрахима Конате би можел да стане ново засилување на Реал Мадрид до крајот на летниот трансфер прозорец. Шпанскиот весник „АС“ пишува дека „кралевите“ не сакаат да понудат повеќе од 25 милиони евра за Французинот, додека „црвените“ очекуваат барем 40 милиони евра за да се разделат со својот играч. На „Енфилд“ стравуваат од повторување на сценариото со Трент Александер-Арнолд, кој како слободен агент се пресели во Реал Мадрид. Затоа клубот не ја исклучува можноста Шпанците да испратат конкретна понуда во последните денови од преодниот рок. Конате (26) пристигна во Ливерпул во 2021 година и досега одигра 134 натпревари во сите конкуренции, постигна пет голови и запиша четири асистенции. Неговиот договор завршува на крајот од оваа сезона, а моменталната пазарна вредност му е проценета на 60 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.