Анчелоти го изостави Винисиус од списокот за септемвриските квалификации

August 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти го изостави Винисиус од списокот за септемвриските квалификации

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти нема да го повика Винисиус Жуниор за претстојните натпревари од јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026, објави „О’Глобо“. Причината е тоа што напаѓачот на Реал Мадрид доби втор жолт картон во јуни против Парагвај и ќе мора да паузира за дуелот со Чиле. Бидејќи не е во можност да настапи, Анчелоти решил целосно да му даде одмор и за мечот со Боливија. „Сметаме дека оваа пауза ќе му биде од корист, особено во густ распоред со Реал Мадрид“, наведува извор близок до селекторот. Официјалниот список на повикани фудбалери ќе биде објавен на почетокот од следната недела. Бразилците на 5 септември ќе играат против Чиле во Рио де Жанеиро, а пет дена подоцна, на 10 септември, ќе гостуваат кај Боливија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.