August 20, 2025 | | Свет
Медиумите во Шпанија објавија интересна приказна поврзана со играчот на Леганес, Хуан Круз, кој размислува за невиден потег во обид да изнуди трансфер. Круз, за кого интерес покажаа Рајо Ваљекано, Мајорка, Осасуна, Селта, Алавес и неколку португалски клубови, е блокиран од сопствениот клуб. Леганес досега ги одби сите понуди и инсистира единствено да биде активирана неговата откупна клаузула од 10 милиони евра. Ваквата цврста позиција натера многу заинтересирани клубови да се откажат, но Рајо и Алавес сè уште се надеваат на договор пред крајот на летниот преоден рок. Според „Марка“, Хуан Круз планира да искористи семејни околности и да побара породилно отсуство, бидејќи наскоро ќе стане татко. Со тоа, теоретски би можел да ја пропушти целата сезона, со што би го натерал клубот да го пушти во друг тим – нешто што досега речиси не се случувало во светот на фудбалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |