August 20, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски официјално побара трансфер од Валенсија пред крајот на летниот преоден рок, објавија шпанските медиуми. Причина за ваквиот потег е конкуренцијата со Хулен Агиресабалага, кој летово пристигна на позајмица од Атлетик Билбао. Во договорот има клаузула според која Валенсија мора да му обезбеди одреден број настапи, што го става македонскиот голман во нефер позиција. Димитриевски и минатата сезона беше во втор план – тогаш зад Мамардашвили, а сега зад Агиресабалага. Лани бранеше само на девет натпревари, со што остана и без бонусот од 300 илјади евра кој му беше ветен за најмалку десет настапи. Валенсија го прифатила неговото барање да си замине, но трансферот нема да се реализира без отштета. За Димитриевски интерес покажале Лил, Фенербахче, Селта и Леванте, а во наредните десетина дена ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |