Ливерпул решен да го купи Исак: Се спрема третиот најскап трансфер во историјата!

August 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул решен да го купи Исак: Се спрема третиот најскап трансфер во историјата!

Иако сезоната на големо веќе започна, Ливерпул сè уште работи на комплетирање на составот кој ќе ја брани титулата. Главна трансфер-цел останува шведскиот напаѓач Александер Исак, но Њукасл досега тврдеше дека нема намера да го продаде освен ако не пристигне „вистинската понуда“. Според најавите, „црвените“ се подготвуваат да испратат понуда вредна 150 милиони евра. Доколку трансферот се реализира, Исак ќе стане трет најскап фудбалер во историјата, зад Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра). Со тоа би го надминал и рекордот на Усман Дембеле, кој во 2017 година за 148 милиони евра премина од Борусија Дортмунд во Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.