August 21, 2025 | | Свет
Екипата на РБ Лајпциг и понатаму води преговори со Наполи за македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, но германскиот клуб не попушта околу сумата која ја бара. Според новинарот Матео Морето, Наполитанците испратиле понуда вредна 1,5 милиони евра за позајмица, плус опција за откуп од 12 милиони евра. Меѓутоа, одговорот од Бундеслигашот бил експресен – и негативен. Лајпциг инсистира да добие 3 милиони евра за позајмицата, а можноста за траен трансфер да биде врзана со откупна клаузула од 18,5 милиони евра. Тоа е речиси истата цифра која Лајпциг ја плати на Наполи за да го донесе Елмас минатата зима, па германскиот клуб очигледно сака да си ја врати целосно инвестицијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |