Фановите на Ливерпул удрија по Трент по ужасните бројки на дебито!

August 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фановите на Ливерпул удрија по Трент по ужасните бројки на дебито!

Трент Александер-Арнолд, кој летово пристигна во Реал Мадрид како едно од големите засилувања, имаше разочарувачки настап на дуелот против Осасуна. Иако „кралевите“ успеаја да слават со 1-0 благодарение на голот од пенал на Килијан Мбапе, англискиот бек одигра под своето ниво и помина само 68 минути на теренот. Статистиката за неговиот настап е загрижувачка: 0 освоени топки, 0 добиени воздушни дуели, 0 точни долги додавања од 4 обиди и 1 успешен центаршут од 7 нафрлувања. Токму додавањата и нафрлувањата беа заштитен знак на Арнолд во дресот на Ливерпул, но против Осасуна тој целосно потфрли. Сепак, се работи за негов прв настап во Ла Лига и навивачите на Реал се надеваат дека ова е само слаб старт и дека со текот на времето ќе се вклопи во системот на Чаби Алонсо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.