August 21, 2025 | | Свет
Еберечи Езе оваа недела ќе потпише за Арсенал, и тоа во неверојатни околности кои повторно го ставаат Тотенхем во непријатна ситуација. Имено, „спарс“ веќе имале постигнат личен договор со играчот и усогласена трансфер-сума со Кристал Палас. Езе дури требало да се појави во тренинг-центарот „Хотспар Веј“ овој петок. Но, клубот од северен Лондон прифатил прво фудбалерот да настапи за Палас во квалификациите за Конференциската лига. Во тој краток период, Арсенал експресно реагирал и го завршил трансферот за само три часа. Овој потег предизвика гнев кај навивачите на Тотенхем, кои веќе реагираат дека се повторува истата приказна како со Морган Гибс-Вајт. Критиките главно се насочени кон начинот на работа: „стегнато трошење“, „недостаток на одлучност“ и „постоење ризик постојано да се губат главните цели на пазарот“. Останува да се види дали Тотенхем повторно ќе заврши со „млад талент“ купен во паника во последните денови на преодниот рок – сценарио кое навивачите одамна го предвидуваат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |