Челси пред проблем – УЕФА може да блокира дел од засилувањата

August 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси пред проблем – УЕФА може да блокира дел од засилувањата

Актуелниот светски клупски шампион Челси би можел да се соочи со сериозни проблеми околу регистрацијата на летните засилувања за настап во Лигата на шампионите, поради строгите регулативи на УЕФА. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ досега не успеа да се ослободи од дел од фудбалерите кои не влегуваат во плановите на стручниот штаб, како Рахим Стерлинг и Бен Чилвел. Дополнителен проблем е што некои од летните трансфери немаат „чист статус“ според правилата на УЕФА – играчи како Педро, Лиам Делап и Естевао не настапувале во ЛШ минатата сезона, што ја ограничува нивната можност за регистрација. Ситуацијата е комплицирана и за Ромео Лавија и Весли Фофана, кои се вратија од долги повреди и исто така треба да најдат место во скратената листа на пријавени играчи. Доколку Челси не успее да воспостави правилен баланс меѓу доигрувањата и продажбите, клубот ризикува не само висока парична казна, туку и забрана за регистрација на нови фудбалери за натпреварите во Европа. Ова може сериозно да го наруши планот на менаџерот и амбициите на тимот, кој по неколку години нестабилност се надева на враќање на врвот на европскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.