Шпанија пресилна за Грузија, во четвртфиналето ги чека Германија! (ВИДЕО)

June 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпанија пресилна за Грузија, во четвртфиналето ги чека Германија! (ВИДЕО)

Шпанија убедливо ја совлада Грузија со 4-1 во осминафиналето од Европското првенство. Откако Грузијците изненадувачки поведоа со автоголот на Ле Норманд, Шпанија во 39. минута со голот на Родри возврати па на полувреме беше нерешено. Во вториот дел Шпанија се разигра па така Руиз во 51. минута постигна гол на асистенција на Јамал. Победата ја потврди Нико Вилијамс во 75. минута каде сега Руиз беше асистент, а Дани Олмо ја докрајчи Грузија во 83. минута каде Ојазабал му намести. Шпанија во четвртфиналето ќе се сретне со Германија во натпревар кој ќе биде финале пред финалето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.