August 21, 2025 | | Свет
Англиската Премиер лига продолжува да поставува нови стандарди на трансфер пазарот. По денешната зделка, со која Лидс го ангажираше Ноа Окафор од Милан за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите во најсилното првенство во светот достигна нов рекорд – 2,37 милијарди фунти. Оваа бројка, објавена од „Би-Би-Си“, ја надмина и ланската историска граница од 2,36 милијарди фунти, а преодниот рок сè уште трае. Дури шест клуба поставија сопствени клупски рекорди. Имено, Брентфорд го доведе Данга Уатара од Борнмут за 42,5 милиони фунти, Борнмут одвои 34,6 милиони за Бафоде Дијаките, Барнли потроши 25 милиони на Лесли Угочукву, Сандерленд, нов премиерлигаш, инвестираше 26 милиони во Хабиб Ѓару (со бонуси трансферот може да достигне и 30 милиони), а Нотингем Форест двапати го сруши рекордот – прво со Дан Ндоје од Болоња, а потоа со Омари Хачинсон од Ипсвич за 37,5 милиони фунти. Најголемата зделка ова лето е дело на Ливерпул, кој уште во јуни плати 100 милиони фунти за германскиот ас Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Со можни бонуси, трансферот би можел да достигне и 116 милиони фунти, што би бил нов британски рекорд, надминувајќи го трансферот на Енцо Фернандез во Челси за 107 милиони фунти. Со останати уште десет дена до крајот на преодниот рок, извесно е дека бројките ќе растат и натаму, дополнително зацврстувајќи ја Премиер лигата како најмоќен играч на глобалниот фудбалски пазар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |