August 22, 2025 | | Свет
Шпанските медиуми објавуваат дека Столе Димитриевски е сè поблиску до трансфер во Леванте, но пречка останува актуелниот клуб – Валенсија. Македонскиот репрезентативец веќе им дал „ДА“ на Леванте и јасно ставил до знаење дека сака да остане во Примера дивизија, иако на „Местаља“ неговата позиција е значително загрозена. Валенсија ова лето донесе голман со клаузула која бара тој задолжително да брани, или клубот ќе плаќа високи пенали, што го турка Димитриевски кон излезната врата. Сепак, „лијлаците“ не планираат лесно да се откажат од неговите услуги. Клубот инсистира понудата од Леванте да биде прифатлива за сите инволвирани страни, инаку трансферот нема да се реализира. Со тоа, судбината на првиот чувар на мрежата на македонската репрезентација останува неизвесна, иако јасно е дека самиот играч сака нов предизвик и редовна минутажа во Ла Лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |