По „корпата“ од Езе, Тотнем испраќа огромна понуда за Савињо

August 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По „корпата“ од Езе, Тотнем испраќа огромна понуда за Савињо

Тотнем не се откажува од намерата да го доведе Савињо, крилниот напаѓач на Манчестер Сити. Според информации од бразилскиот медиум „Глобо“, лондончани подготвуваат нова офанзива вредна 80 милиони евра, откако нивната прва понуда од 70 милиони беше одбиена. „Петлите“ го гледаат 21-годишниот Бразилец како идеален наследник на Хеунг-Мин Сон, кој летово си замина по 12 години поминати во клубот. Дополнителен мотив за трансфер е и повредата на Џејмс Медисон, поради што тимот на Томас Франк е во потрага по нова офанзивна алатка. Минатата сезона Савињо одигра 29 натпревари во Премиер лигата, постигна еден гол и забележа осум асистенции, а неговата динамика и креативност оставија силен впечаток кај многу клубови. Сепак, засега Манчестер Сити не покажува намера да се раздели со младиот Бразилец, кој се смета за важен дел од иднината на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.