Непромислен потег на Белингем, тој тврди дека било шала! (ВИДЕО)

July 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Непромислен потег на Белингем, тој тврди дека било шала! (ВИДЕО)

Англија успеа да ја совлада Словачка со 2:1 а во четвртфиналето ги чека Швајцарија. Она што денес привлече внимание е потегот на Џуд Белингем. Во прославата на голот, тој направи непримерна гестикулацика кон меѓуножјето, а тоа на Твитер беше претставено како гест кон клупата на Словачка.

Белингем реши да реагира и демантираше дека тој потег бил наменет за Словаците. „Инсајдерска шега кон мои блиски пријатели кои беа на трибината. Немам ништо освен респект кон тимот на Словачка и тоа што го одиграа вечерва“, напиша Белингем.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.