Мато го спаси Вардар, Брера избегна пораз (ВИДЕО)

August 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Мато го спаси Вардар, Брера избегна пораз (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар вечерва одиграа 2-2 на домашен терен против Брера, благодарение на двата погодоци на поранешниот фудбалер на струмичкиот клуб, Роџерс Мато, кој им донесе бод и го спречи првиот пораз сезонава. Првото полувреме понуди вистинска драма и три погодоци. Гостите поведоа во 15. минута со убав лоб-удар на Нзгуе за 0-1. Сепак, нивната предност траеше кратко – веќе во 19. минута Мато израмни на 1-1. Брера продолжи да игра офанзивно и успеа повторно да поведе, откако Ивановски во 40. минута со атрактивен соло-продор погоди за 1-2. Во вториот дел двете екипи имаа прилики, но решавачкиот момент се случи во 84. минута. По грешка на голманот Вргов, Мато со прецизен лоб постигна свој втор гол и го постави конечниот резултат – 2-2. За Вардар ова е првиот натпревар без победа по трите освоени бодови против Пелистер и Тиквеш, додека Брера конечно стигна до првото реми и бод во новата сезона по двата порази на стартот. Фото: Спорт1

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.