August 22, 2025 | | Свет
Баерн Минхен уште на самиот старт од новата сезона им прати силна порака на ривалите во Бундеслигата. Тимот на Венсан Компани на спектакуларен начин ја отвори кампањата со убедлива победа од 6-0 против Лајпциг на „Алијанц арена“. „Баварците“ доминираа од првата до последната минута, а веќе во првото полувреме ја решија дилемата околу победникот. Во 27. минута Мајкл Олис го отвори резултатот, а само пет минути подоцна новото засилување Луис Дијаз ја зголеми предноста на 2-0. До паузата Олис уште еднаш погоди и на одмор Баерн замина со убедливи 3-0. Вториот дел го обележа маестралниот Хари Кејн кој постигна хет-трик и уште еднаш потврди дека е главниот адут на баварскиот гигант во нападот. Два од головите на Англичанецот беа по одлични асистенции на Луис Дијаз, кој веднаш покажа дека ќе биде огромно засилување за Баерн.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |