August 22, 2025 | | Свет
Екипата на Челси ја запиша својата прва победа во новата сезона од Премиер лигата, и тоа на импресивен начин. По разочарувачкиот реми против Кристал Палас во првото коло, избраниците на Енцо Мареска вечерва се „распукаа“ и на гостувањето кај Вест Хем славеа со високи 1-5. Натпреварот започна идеално за домаќините – Лукас Пакета уште во шестата минута постигна вистински евро-гол и донесе водство за „чеканите“. Но, тој погодок како да ги разбуди „сините“ кои заиграа агресивно и со голема желба да направат пресврт. Израмнувањето стигна брзо, во 15. минута преку Жоао Педро, а само осум минути подоцна Педро Нето се погрижи целосно да го сврти резултатот во корист на гостите. Челси не застана тука – Енцо Фернандез во 34. минута реализираше за 1-3 и практично ја смири атмосферата на трибините. Во второто полувреме „сините“ продолжија во ист стил, користејќи ја несигурната одбрана на Вест Хем. Мојсес Каиседо во 54. минута го зголеми водството, а четири минути подоцна Чалоба стави печат на конечните 1-5. Вреди да се истакне дека Челси дојде до убедливата победа и без Кол Палмер, кој поради повреда го пропушти дуелот. Токму тоа уште повеќе му дава на тежина на оваа победа, со која Мареска може да биде задоволен од реакцијата на својот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |