August 23, 2025 | | Македонија
Екипата на Брера Струмица беше на чекор до тоа да остане без бодови против Вардар, откако во финишот на натпреварот судијата го примени новото фудбалско правило кое веќе важи во дел од европските лиги. Имено, доколку голманот ја задржи топката подолго од осум секунди во шеснаесетникот, противникот добива корнер. Тоа се случи и на овој натпревар – голманот на струмичани, Фуркан Идризи, ја задржа топката предолго, па судијата му досуди удар од аголот за Вардар. По тој корнер, „црвено-црните“ имаа извонредна шанса да стигнат до победнички погодок, но еден од стоперите на Брера на самата гол-линија успеа да ја исчисти топката и да спречи голема катастрофа за својот тим. Оваа ситуација уште еднаш потсетува дека фудбалерите и голманите мораат брзо да се прилагодуваат на новите регулативи, бидејќи и најмалата невнимателност може да донесе сериозна последица.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |