Покрај Наполи, сега во трката за Елмас е и Рома

August 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Покрај Наполи, сега во трката за Елмас е и Рома

Рома повторно се вклучи во трката за потписот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и планира во самиот финиш од преодниот рок да го искористи одолговлекувањето на Наполи околу неговата иднина. Иако желбата на Елмас е да се врати во Наполи, „римската волчица“ има поамбициозна стратегија од актуелниот шампион на Италија. Наполи предлага позајмица за една сезона со незадолжителен откуп, додека Рома е подготвена да понуди задолжителен откуп на крајот од сезоната, што би можело да биде клучниот фактор. Тренерот на Рома Гасперини во Елмас гледа идеално решение за левата крилна позиција во нападот. На таа позиција требаше да пристигне Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед, но Англичанецот на крајот се откажа од трансферот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.