August 23, 2025 | | Свет
Фудбалерите на Манчестер Сити го претрпеа првиот пораз сезонава во Премиер лигата, и тоа пред своите навивачи, откако во дербито на второто коло Тотенхем славеше со 0-2. Избраниците на Томас Франк одиграа одличен натпревар, дисциплинирано во одбраната и опасно во нападот, па сосема заслужено ги освоија трите бода. По две одиграни кола, „спарси“ имаат максимални шест бода и сè уште немаат примен гол. Лондонскиот клуб поведе во 35. минута со голот на Бренан Џонсон по асистенција од Ришарлисон, а во завршницата на првиот дел Палиња ја зголеми предноста на 0-2. Во второто полувреме се играше посмирено, без многу изгледни прилики, што им овозможи на гостите мирно да ја сочуваат предноста и да впишат голем триумф над шампионот. Во следното коло Тотенхем на домашен терен ќе се сретне со Борнмут, додека Манчестер Сити ќе гостува кај Брајтон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |