August 23, 2025 | | Свет
Англискиот вицешампион Арсенал продолжи со перфектен старт во новата сезона од Премиер лигата, откако во второто коло го совлада Лидс со убедливи 5-0. Сепак, триумфот на „топчиите“ беше засенет од повредите на двата клучни играчи – Мартин Одегард и Букајо Сака. Тимот на Микел Артета доминираше од првиот свиреж. Во 21. минута Јурриен Тимбер го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна Букајо Сака го удвои водството. Во второто полувреме Арсенал целосно ја потврди својата надмоќ – Тимбер се запиша меѓу стрелците уште еднаш, а Виктор Ѓокереш, најскапото летно засилување на клубот, погоди двапати и ја комплетираше високата победа. И покрај еуфоријата од блескавата офанзива, тренерот Артета остана загрижен – капитенот Одегард и офанзивецот Сака мораа предвреме да го напуштат теренот поради повреди. Сериозноста на нивните повреди ќе биде позната по деталните лекарски прегледи во наредните денови. Со овој триумф, Арсенал ја запиша и втората победа сезонава, откако во првото коло беше подобар и од Манчестер Јунајтед.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |