August 24, 2025 | | Свет
Хеунг-Мин Сон го постигна својот прв гол во американската МЛС лига, но неговиот прекрасен погодок не беше доволен за цел плен. Лос Анџелес ФК одигра 1-1 на гостувањето кај Далас, иако имаше водство уште во раната фаза од мечот. Јужнокорејската ѕвезда покажа зошто пристигна во МЛС како најскапо засилување во историјата на лигата. Веќе во шестата минута, по изведен слободен удар, Сон со прецизен и силен удар ја заби топката во горниот агол од мрежата. Голманот на Далас беше целосно немоќен пред овој мајсторски потег. Иако навивачите на ЛАФК се надеваа дека ова ќе биде почеток на убедливо славје, домашниот тим израмни во второто полувреме и ги спречи „црно-златните“ да запишат победа. Сепак, голот на Сон веднаш стана хит на социјалните мрежи, а многумина го истакнаа како „најава“ за спектакуларна сезона на јунакот од Јужна Кореја во американскиот фудбал.
SON DELIVERS 🚀 What a way to score your first @Sonny7 😮💨 https://t.co/0VFZk1bTMw pic.twitter.com/wJbnItUeLS
— LAFC (@LAFC) August 24, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |