August 24, 2025 | | Свет
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не успеаја да слават на гостувањето кај Фулам, одигрувајќи 1-1 во натпреварот од второто коло на англиската Премиер лига. Двете екипи започнаа отворено и имаа свои прилики, а најголемата шанса за водство ја имаше Јунајтед во 38. минута, кога Бруно Фернандеш промаши пенал. Сепак, гостите поведоа во второто полувреме со гол на Лени Јоро, но радоста им траеше кратко – Емил Смит-Роу израмни и му донесе бод на Фулам. По две одиграни кола, Јунајтед има само еден бод и се наоѓа на 16. позиција, додека Фулам е на 13. место со два освоени поени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |