Бруно Фернандеш: Судијата ме оттурна пред пеналот, затоа го промашив!

August 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бруно Фернандеш: Судијата ме оттурна пред пеналот, затоа го промашив!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, се најде во центарот на вниманието по натпреварот со Фулам (1-1) не само поради промашениот пенал, туку и поради необичното објаснување што го даде за ситуацијата. Во првото полувреме, Португалецот не успеа да ја претвори најстрогата казна во погодок, а по мечот на „Крејвен Котиџ“ истакна дека дел од вината ја носи главниот судија Крис Кавана. „Бев навистина лут, уште повеќе затоа што судијата не се извини за тоа што го направи. За изведувачите на пенали е клучна концентрацијата, а тој момент ме поремети – ненамерно ме оттурна токму пред ударот“, објасни Фернандеш. Сепак, капитенот на Јунајтед не сакаше целосно да се оправда и ја презеде вината врз себе. „Тоа не е изговор за мојот промашај. Ударот беше лош и ја прифаќам одговорноста. Ја погодив топката премногу ниско и таа заврши високо над голот.“ Несекојдневното објаснување на Бруно предизвика бројни реакции кај навивачите и медиумите во Англија – дел го исмејуваат, а дел го пофалија за искреноста и признавањето на грешката. По ова реми, Јунајтед остана со само еден бод по првите две кола од Премиер лигата, па притисокот врз капитенот и менаџерот Рубен Аморим станува сè поголем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.