Челси нуди 50 милиони евра за талентот на Барселона

August 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси нуди 50 милиони евра за талентот на Барселона

Фермин Лопез би можел многу брзо да го напушти „Камп Ноу“ и да се пресели во Премиерлигата. Според пишувањата на шпанските медиуми, Челси испратил официјална понуда до Барселона вредна 50 милиони евра за младиот играч од средниот ред. Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека „сините“ од Лондон веќе стапиле во контакт со раководството на Барса и се подготвени сериозно да вложат во Лопез, кој важи за еден од најперспективните фудбалери од академијата „Ла Масиа“. Во нормални услови, Барселона тешко би се откажала од своето младо богатство, но финансиската криза во која се наоѓа клубот може да ја промени одлуката. Клубот итно има потреба од свеж капитал за да ја стабилизира ситуацијата и да ги исполни условите за регистрација на засилувањата. Извори блиски до клубот велат дека понудата е сериозно разгледувана и дека не е исклучено Лопез веќе да го одиграл последниот натпревар во дресот на Барса.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.